Во Прилеп започна исплатата на субвенциите за тутунот
Субвенции има за сите тутунари без разлика кај кој откупувач го предале родот.
Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за минатогодишната реколта тутун. Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, субвенции има за сите тутунари без разлика кај кој откупувач го предале родот.
- Ланската реколта тутун беше тешка околу 25.000 тони од кои нешто повеќе од половината, 13.000 тони се од прилепско-пелагонискиот регион. За прилепските тутунари се обезбедени околу 13 милиони евра од вкупно 25-те милиони за исплата на субвенциите за целата реколта, информирал Коста Дурланов од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.
Според Подрачната единица, за новата реколта тутун се подигнати 11.100 бели картони или околу 1.500 помалку од лани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа