ФОТО: Никола Којо непрепознатлив- ја дотера линијата до совршенство
Со класична диета, редовни тренинзи, Никола Којо ја доведе својата линија на онаа која ја имаше во време кога го ставаа високо на листата на еден од регионално најпопуларните и најпривлечни актери.
Никола Којо беше на врвот на популарноста за време на филмот “Ми нисмо анѓели“ и тогаш беше маж по кој врескаа и остануваа без здив припадничките на понежниот пол од регионот. Во меѓувреме, стана вистинска ѕвезда и еден од најдобрите актери на овие простори.
Но, со славата, па женидбата и три деца дојдоа и килограмите.
- Станува збор за класичната диета, а почна и редовно да тренира, а сето тоа ги даде резултатите“, кажал извор за српските медиуми.
Напор вреден за внимание и пофалба, Којо е повторно оној стариот и изгледа како да намалил 30 килограми!
Којо пак не сака да ја коментира својата трансформација за медиумите, но очигледно е дека резултатите се повеќе од одлични.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа