Францускиот полковник Жак Огар: По само неколку дена на Косово му станаа јасни работите

 

Францускиот полковник Жак Огар (60) не толку на блескав начин ја заврши својата војничка кариера, привремено е пензиониран затоа што во 1999година како припадник на НАТО ги штител Србите од Космос.

Искусниот војник од африканските конфликти и падобранец на Легијата на странци, смета дека најважно е тоа што не војувал против Србите и дека го „осветлил“ образот на Французите и своето семејство, во кое тој е 12 генерација на офицер.

Огар во интервјуто за агенцијата Срна, истакнува дека уште во првите денови од војната на Косово му било јасно дека САД шират дезинформации и како го „трујат“ светот со лаги за Србите како злосторнички народ.

 

„Бил Клинтон и Медлин Олбрајт тврдеа дека тогаш на Косово и Метохија се случуваше геноцид со повеќе од 100.000 убиени Албанци“, потсетува Огар наведувајќи дека покрај госпоѓа Олбрајт и американските генерали Весли Кларк и Мајкл Џексон, сега бесрамно се богатат на Косово“, вели Огар.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега