Работилница наменета за корисниците на социјална помош

 

Во просториите на ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром се организираше работилница наменета за корисниците на социјална помош, во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија и Центарот за социјални работи Скопје.

Целта на работилницата беше да се запознаат корисниците на социјалната помош за активните мерки коишто им стојат на располагање, но и да им се помогне за да можат да ги остварат своите права.

Покрај тоа на работилницата беа презентирани и активните мерки и програми коишто Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување ги нуди за своите граѓани.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега