Тетово: Запленети 16 покер апарати и компјутери за игри на среќа

Вчера попладне тетовската полиција заплени 16 покер апарати како и компјутер за игри на среќа во три објекти во Пирок и Камењане во Тетово.

Пронајдените апарати и компјутерот од страна на полицијата се фотодокументирани и привремено одземени. Се работи за девет покер апарати и компјутерот со принтер кои биле пронајдени во објект без фирма во Пирок каде како сопственици се наведени повеќе лица додека останатите седум покер апарати биле откриени во објект во Камењане сопственост на лице од Гостивар.

ФОТО: Плусинфо

Во третиот контролиран објект не е пронајдено ништо.

најчитано сега