Саша Ковачевиќ го претстави најскапиот спот на Балканот

 

Долгонајавуваниот спот за песната „Где смо моја љубави“ на Саша Ковачевиќ, конечно ја доживеа својата премиера.

Спотот е сниман на Тајланд и според коментарите најверојатно ова е најдобриот и најскапоот спот во историјата на српскиот видео материјал.

- Со гордост и задоволство премиерно го претставувам новиот спот за песната „Где смо моја љубави“. Искрено се надевам дека ќе ви се допадне. Благодарам на сите кои учествуваа во реализацијата на песната и спотот и допринесоа да изгледа и звучи онака како што сакавме. Големо благодарам, напиша Саша на неговата официјална фан страница на Фејсбук.

За да ги задоволи обожавателите, тој објави тизер од спотот, а честа прв да го види ја имаше пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ. Спотот е сниман на Тајланд, а според тоа што ќе го видите, Саша навистина вложил многу во екранизацијата.

Во спотот има убави девојки и импресивни делови од убавината на егзотичните предели. Сега останува на публиката да ја даде својата оценка и да се рушат рекорди на гледаност на Јутјуб.

И ова лето Ковачевиќ нема да мирува. Тој ќе се посвети на настапи, а веќе во најава се четири гостувања во Македонија кон крајот на јули и почетокот на август, од кои две во Охрид и по еден во Битола и Кочани.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега