Средба на претседателот со претставници на Советот за безбедност
Американскиот претседател Барак Обама во Кемп Дејвид има средба со генералниот секретар на Советот за безбедност во Заливот и делегациите од шестте земји-членки на Организацијата - Бахерин, Обединети Арапски Емирати, Саудиска арабија, Катар, Оман и Кувајт.
Разговорите беа закажани по постигнувањето на политичкиот договор за нуклеарната програма на Иран.
Американските претставници не сакаат јавно да ги објават конкретните гаранции кои САД ќе им ги предложи на земјите-членки на Советот за безбедност во Заливот.
Претставник на Белата куќа истакна дека САД нема да предложат формален договор за безбедноста, иако некои земји од Персискиот Залив се надеваат на таков договор.
Средбата се одвива во важен момент за Блискиот Исток. САД и регионалните сили се борат против Исламска држава во Ирак и во сирија, Саудиска Арабија раководи со операцијата против Хусите во Јемен, Иран и светските сили преговараат за нуклеарната програма на Техеран.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа