Во сабота во ГТЦ ќе се одржи хуманитарна модна ревија за Орнела Јордановска
Во сабота, 16 мај, во 12 часот, пред бутикот “Џордано“ во скопскиот ГТЦ ќе се одржи голема хуманитарна модна ревија посветена на младата дизајнерка и пејачка Орнела Јордановска која боледува од рак на лимфните жлезди.
Дваесетина манекени ќе продефилираат пред бутикот за Орнела, а телевизиската водителката Хелена Роза ќе ја промовира нејзината книга “Новата јас“ .
Сите оние кои ќе ја купат книгата автоматски донираат средства за лекувањето на Орнела, како и сите кои ќе купат парче гардероба од “Џордано“ исто така донираат за лекувањето на Јордановска. Поканети се сите хумани луѓе.
Да и помогнеме на Орнела. Дојдете во ГТЦ, погледнете ја модната ревија, купете книга или парче облека, донирајте за здравјето на Орнела… Бидете хумани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа