Опра на врвот на листата на најмоќни луѓе во светот

Магазинот Форбс повторно направи листа за најмоќните луѓе во светот, а на врвот се најде Опра Винфри.

На листата на десет најмоќни луѓе во светот има шест жени и шест мажи, а ова е петти пат Опра да се најде на самиот врв на листата.

По водителката на второто место се наоѓа контроверзната пејачка Лејди Гага, а третото место припадна на режисерот Стивен Спилберг. Следни на листата се Бијонсе и Мадона.

Инаку, латино-дивата Џенифер Лопез која минатата година беше на врвот, сега се најде на 12-та позиција.

најчитано сега