Аеродромци меѓу првите на планинарскиот марш на Водно

Општина Аеродром се придружи кон традиционалното одбележување на Европскиот ден на знамето што се одржа во саботата, со планинарски марш до Водно, во организација на Европското движење на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ, како дел од целокупната програма за одбележување на Денот на Европа.

Пред седиштето на ЕУ се изврши размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија меѓу претседателката на ЕДРМ, проф. д-р Милева Ѓуровска и претставникот на Делегацијата на Европската унија, Робин Лидл. Оваа размена е традиционална и има симболично значење.

Учесниците, кои ги имаше буквално од 7 до 77-годишна возраст појдоа од седиштето на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и се упатија кон врвот на Водно, каде беа поставени двете знамиња. На планинарскиот марш на бројните планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани, им се придружија ученици и наставници од основните училишта во Аеродром, информираат од општината.

Како најиздржливи се покажаа учениците од основните училишта „Годе Делчев“, „Лазо Ангеловски“, Браќа Миладиновци„ и „Димитар Македонски“, кои се искачија до врвот на Водно, каде присуствуваа на поставувањето на знамињата.

Освен церемонијалниот карактер, оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во Република Македонија да бидат значително поразвиени, од тоа што се во овој момент, поради планинскиот карактер на нашата држава.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега