И Сулејмани го напушти Таравари, ВРЕДИ добива нов пратеник

 


Салим Сулејмани поднесе оставка од сите функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност. Со неговата оставката ВРЕДИ добива нов пратеник.

Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“.

-Не можам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе спомнати на меѓународни црни листи, посочи Сулејмани.

Објасни дека неговиот влез во политиката бил мотивиран од желбата за вистинска промена, а не од лични амбиции. Посочи дека ДУИ е „структура поврзана со клановски и лични интереси“ и додаде дека коалицијата ВРЕДИ ја сметал за „антипод на коруптивната матрица“.

-Приближувањето на Алијанса за Албанците до ДУИ е предавство на ветеното и кршење на принципите, потенцира Сулејмани во оставката.

Според кандидатската листа од последните парламентарни избори, во петтата изборна единица следна е Валбона Адили Емини, педијатар и кадар на Движењето Беса. Со нејзиното влегување, мнозинството на ВРЕДИ се зајакнува на 10 пратеници, по заминувањето на крилото на Арбен Таравари.

18.05.2025 - 15:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега