Ноќна контрола во Ресен - фатен мортус пијан возач и без возачка дозвола

 

Ноќеска во 02.18 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При сообраќајна контрола во с.Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
18.05.2025 - 10:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега