Сочуство од црногорскиот претседател по повод случувањата во Кумановo

 

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ упати изрази на сочуство до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов по повод трагичните настани во Куманово, при што загинаа осуммина полицајци.

Невладината организација „Граѓанска алијанса“, како што пренесува Хина, ја повика меѓународната заедница да не дозволи повторување на грешките од минатото, да го потврди своето активно присуство во регионот и со силни дипломатски напори да покажа дека е способна да го предводи цивилизираниот свет во 21 век.

Оваа организација оценува дека драматичните настани во Куманово, наслутуваат отворање ново поглавје на насилство на врелото балканско тло и оти политиката на меѓународната заедница, која го запре европскиот и атлантскиот интегративен пат на Македонија, придонела за состојбите во земјата и регионот

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега