ФОТО: Кинески милијардер ги почестил своите вработени со одмор во Франција

 

За да ја прослави 20 годишнината од својата компанија, кинескиот милијардер Ли Џинјуан на излет во Франција ги однел своите 6400 работници.

Во таа прилика тие во Ница го срушиле светскиот рекорд благодарејќи на човечкиот синџир кој го формирале, правејќи притоа „милениумска фотографија“.

Шефот на компанијата „Тиенс груп компани“ резервирал 140 хотели во Париз каде неговите работници имале прилика да го посетат Лувр и другите знаменитости на главниот град на Франција.

На Азурниот брег пак, резервирал 4760 соби во хотели со четири и пет ѕвезди во Ница и Монако.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега