Канаѓанка се породи во авион над Пацификот

 

Дваесетгодишна Канаѓанка роди девојче над Пацификот во авион на компанијата Ер Канада кој летал во Токио, изјави денеска портпаролот на авионската компанија.

 

Жената се породила со помош на лекар кој патувал во авионот. Мајката и бебето се добри, рече портпаролот, пренесува Фена. Авионот Ер Канада кој летал од Калгарј итно слетал синоќа на аеродромот Токио-Нарита.

 

 

Инаку, компанијата Ер Канада им дозволува на бремените жени да летаат со авион до крајот на 36-та недела од бременоста.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега