Дводневна жалост во Македонија
Во Република Македонија и денеска е Ден на жалост по повод загинувањето на припадниците на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово.
Владата на вонредна седница донесе одлука 10 и 11 мај, недела и понеделник, да бидат денови на жалост.
Знамето на Република Македонија и денеска ќе биде истакнато на половина копје.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги испрати насоки до медиумите за содржината на програмата за време на деновите на жалост.
Оцени ја веста
11.05.2015 - 09:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа