Груевски: Да се борат за политички поени на грбот на жртвите и ранетите е крајно кукавички чин

 

Во текот на борбите постоеше беспрекорна координација меѓу институциите, беше извршена координација меѓу раководствата на полицијата и армијата. Изразувам благодарност до градоначалникот на Куманово за активностите и пораките во текот на акцијата, рече премиерот во своето обраќање.

Како што истакна тој, неопходноста и тајмингот беа по претходно прибрани информации и анализи и одлагањето носеше нови ризици.

-Ќе се воздржам од коментар на некои политичари и таканаречени новинари. Да се коментира за професионалноста на учесниците и старешините да се борат за политички поени на грбот на жртвите и ранетите е крајно кукавички чин. Македонија има сила, има сила да продолжи да чекори напред и да напредува, ова нема да ја одврати Македонија од патот кон стратешките цели на државата и граѓаните. Сите кои сакаат да им нанесат зло на државата им препорачувам дека ќе завршат како оваа терористичка група, изјави премиерот.

Премиерот Груевски изрази благодарност до сите кои во тешките моменти понудија или пружија помош, до илјадниците граѓани кои се понудија со помош на директно учество и преземање ризик.

 

 

Оцени ја веста

10.05.2015 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега