Премиерот Груевски: Докторите дадоа надчовечки напори да им помогнат на полицајците
Премиерот Никола Груевски искажа благодарност до целиот медицински кадар кој вчера и денес вложи натчовечки напори да помогне на припадниците на безбедносните сили во Македонија.
- Дозволете да ја потенцирам и мошне значајната подршка на лекарите и целиот медицински персонал кој вчера и денес неуморно, пожртвовано и крајно професионално се вложија себеси да им помогнат на ранетите полицајци. Благодарност и до сите останати кои во овој период помогнаа на оваа полициска активност, како и до сите граѓани на Република Македонија од сите етникуми и вери, кои и покрај големиот гнев и болка ја задржаа присебноста и самоконтролата и не повлекоа чекори со кои дополнително ќе ја усложнеа и така крајно сложената состојба, рече премиерот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа