Викенд временска прогноза: Ова нема да ви се допадне!

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд со променлив интензитет. Локално ќе има појава на грмежи, особено во јужните и источните делови каде врнежите повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, а дневната  од 19 до 26 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд и грмежи.

Утринската ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат послаб интензитет. Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец. 

Највисоката дневна темпратура ќе биде од 19 до 25 степени. Во понеделник во текот на денот врнежите ќе престануваат и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе придонесе дневните температури да опаднат.

 

 

Оцени ја веста

09.05.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега