ЕВН најави исклучувања - каде ќе нема струја?

Паради технички зафати во електросистемот денеска ќе има времен прекин на струја во скопските општини Шуто Оризари, Карпош, Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.

Денеска од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. „Индира Ганди“ во  општина Шуто Оризари, од 9 до 15 во село Пагаруша во општина Сарај и  на улиците „Скупи“ и „12“ во општина Карпош.

Во периодот пак од 11  до 15 часот ќе нема струја на дел од ул. „Кленоец“ во Општина  Карпош, од 8 до 12 часот на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 68 во општина Центар, од 9 до 12 часот во село Кучково во Општина Ѓорче Петров, од 9 до 13 часот ул. „Жванска“ во општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот ул. „Спиро Гулапчев“ во општина Кисела Вода) и од 13 до 15 часот дел од улиците „Илија Димовски Гоче“ и „Аврора“ во Општина Аеродром.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега