Промовирана партијата на Бучковски и Зиков

 

Денеска иницијаторот на движењето Граѓанска алијанса за позитивна Македонија, Љупчо Зиков, истакна дека прашање на политичка одлука е дали сакаме да се развиваме со над 6% на годишно ниво, а најдобра социјална политика се инвестициите и отворањето нови работни места со цел Македонија да се излекува од „белата чума“ поради која веќе не сме два милиони, туку одвај 1,7 милиони жители.

Зиков истакна дека омразата што се развива во меѓупартиската борба на суети е главниот проблем кој го има во Македонија. За запирање на „белата чума“ Зиков рече дека „во лабораториите на движењето веќе е создаден проект за отворање нови 100 илјади работни места, што ќе значи отворање на многу нови фирми, фабрики, со македонски сопственици“.

- „Во Македонија имаме умствени капацитети да стимулираме отворање македонски фирми, да отвориме домашна, масовна приказна во овој контекст, и да ја раскажеме“, истакна Зиков, кој во својот говор се осврна и на кочницата на македонскиот евроатлантски пат - спорот со името што го имаме со Грција: „Неопходен е политички процес на проверка и реафрмација на државните цели поставени пред многу години“, рече Зиков.

ФОТО: Кајгана 

најчитано сега