По серијата земјотреси се стресе и Македонија - за две недели над 10 потреси во регионот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, денеска во 16 часот и 47 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 92 километри југозападно од Скопје со јачина од 3.7 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните макросеизмички податоци, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија, овој земјотрес е почувствуван во југозападните делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998

Земјотресот во Македонија е само еден од серијата земјотреси кои во последниве десетина дена го стресоа регионот. Најсилниот од 4.6 степени беше регистриран во Грција. Земјотрес од 4 степени вчера ја Стресе Босна и Хрцеговина а на почетокот на месецов 4 степени беа регистрирани и во Бугарија

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега