Се знае што е најдобро: „Волстрит журнал“ и „Вашингтон пост“ ги препорачаа македонските вина

Американскиот весник „Волстрит журнал“ го рангираше виното „Жилавка“ на македонската винарија „Стоби“ меѓу топ пет пролетни вина во светот.

Винскиот критичар на „Волстрит журнал“, Вил Лионс за „Жилавка“ оцени дека виното е направено од помалку позната сорта на грозје и оти е апсолутно воодушевувачко.

- Бело, со убава и нежна сламеста боја, а потекнува од Република Македонија. Има прекрасна миризлива нишка со ноти на дуња, зрели праски и лимон. Уште на првата голтка е сочно и лесно со суптилна лутина. Одлично оди со зачинета храна, рече Лионс.

Минатиот месец и „Вранец“ од бербата од 2012 година беше препорачан од реномираниот „Вашингтон пост“ и ја доби оценката „одличен“. 

Тогаш, новинар на „Вашингтон пост“ го препорача „Стоби Вранец“ посочувајќи дека станува збор за едно од најтемните вина кои досега ги видел. - Богато е и силно со слатки и зрели овошни вкусови, беше истакнато во краткиот текст посветен на ова вино.

„Жилавка“ засега не е во продажба во Македонија, но љубителите на вино ќе може да го вкусат овој пијалок на „Веро вино-фест“.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега