Тодоров во работна посета на Софија

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска престојува во работна посета на Софија. Во рамки на посетата, министерот придружуван од доктори од клиниките за детски болести и за гинекологија и акушерство, ќе оствари работна средба со менаџментот на Универзитетската болница „Мајчин дом“ во Софија, предводен од проф.д-р Виктор Златков.

На средбата, соопшти Министерството за здравство, ќе се разговара за унапредување на соработката во областа на неонатологијата, со посебен фокус на можностите за едукација и стручно доусовршување на македонските доктори во оваа медицинска област, имајќи предвид дека одделот за неонатологија во оваа болница е најголем од ваков вид на ниво на целата држава.

Воедно, на средбата ќе бидат разменети искуства меѓу докторите од македонските универзитетски клиники и нивните колеги од Република Бугарија.

Работната посета на Тодоров на Софија е во рамки на континуираните разговори и заложби на ниво на министерствата за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, во насока на унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега