Градинката „Гоце Делчев“ од Илинден по втор пат Еко-градинка на интернационално ниво
Градинката „Гоце Делчев“ од општина Илинден е една од двете градинки во Република Македонија која по втор пат ја доби највисоката еколошка награда и го задржа статусот Еко градинка.
Како што соопштија од Општина Илинден на шестиот по ред Еко-самит, што се одржа во организација на ОХО, а во соработка со Министерството за образование и наука, официјално детската градинка „Гоце Делчев“ се стекна со највисок статус зелено знаме и го зачува епитетот Еко градинка на интернационално ниво.
Признанието на претставниците на детската градинка „Гоце Делчев“ официјално им го додели амбасадорот на Швајцарската конфедерација во Република Македонија, г-дин Стефано Лазарото.
Еко градинка е градинка која ја усвоила заштитата на животната средина како една од основните вредности за управување и раководење.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа