Жерновски е должен да ја почитува одлуката за ГТЦ

 

Референдумот може да се смета за неуспешен бидејќи не излегоа половина од запишаните 43.560 гласачи, односно нешто повеќе од 40 проценти, велат од општинската изборна комисија во Центар.

На референдумот што вчера се одржа во општина Центар излегле 17.655 гласачи, кои одговараа на прашањето дали треба да се задржи автентичниот изглед на Градскиот трговски центар во Скопје. Од тие што излегле дури 16.836 одговориле „За“, наспроти 659 кои одговориле негативно. Сепак, тоа не беше беше доволно, бидејќи не излегоа над 50 проценти од запишаните граѓани.

-Референдумот може да се смета за неуспешен бидејќи не излегоа половина од запишаните 43.560, односно нешто повеќе од 40 проценти – велат од општинската изборна комисија во Центар.

По неуспехот на референдумот за ГТЦ, Општина Центар е должна да ја почитува одлуката трговскиот центар да добие нов лик, велат познавачите на состојбите во општината, пишува Телеграф. Градоначалникот Андреј Жерновски ќе биде принуден да ги потпише градежните дозволи за реконструкција на трговскиот.

Одлуката за изгледот на ГТЦ во барок е донесена од Општина Центар со ДУП „Мал ринг“ во мандатот на поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ. Со одлука, пак, на Град Скопје сите детални урбанистички планови на општините треба да се усогласат со со ГУП на Скопје.

Повеќе прочитајте на Телеграф

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега