Канческа-Милевска во посета на Пробиштип
Денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе престојува во работна посета на Пробиштип.
Министерката за култура во Пробиштип ќе оствари средба со градоначалникот на општината, Тони Тоневски.
Канческа-Милевска и Тоневски, предвидено е да ги посетат Домот на културата во тој град, каде што во изминатиот период целосно беше реконструирана надворешноста на овој објект, како и киното за чие фунционирање е обезбеден и дигитален кино проектор, воедно ќе ја посетат и локацијата каде се гради новата музејска зграда во која предвидено е да биде сместена богатата минеролошка збирка од овој регион.