Досега легализирани 3698 дивоградби во Кисела Вода
Нови 50 семејства од општина Кисела Вода денес добија документ за трајна сопственост на својот дивоизграден објект кој им го додели градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ.
Во своето обраќање пред граѓаните нагласи дека легализацијата на дивозиградените објекти ќе значи напредок како за локалната самоуправа, така и за жителите на општината.
-За општина Кисела Вода, ова значи чекор напред во во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, од што повторно бенефит имаат жителите на општината и бизнис заедницата, бидејќи со нив им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките – рече градоначалникот Беличанец Алексиќ.
Упатувајќи честитка до присутните граѓани, таа ги повика и сите оние кои немаат поднесено барања за легализација на дивоизградените тераси, тоа да го направат што поскоро, бидејќи се ближи крајниот рок за поднесување на потребната документација.
-Во овој момент, би сакала да апелирам и до сите граѓани кои поседуваат тераси пренаменети во станбен простор дека се ближи 30 јуни, кој е крајниот рок за поднесување на потребната документација за легализација на терасите.
До овој миг, до општина Кисела Вода се поднесени 142 вакви барања.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа