Премиерот Груевски оствари средба со премиерот на Естонија

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска во Талин, оствари средба со премиерот на Естонија, Андрус Ансип. Двајцата соговорници ги поздравија одличните односи кои постојат меѓу Македонија и Естонија и кои континуирано се развиваат во духот на пријателството, соработката и меѓусебното почитување.

Посебно се разговараше за можностите за воспоставување на конкретна соработка во областа на информатичко-комуникациската технологија, текстилната индустрија, земјоделството и туризмот.

Премиерот Груевски го информираше неговиот естонски колега Ансип за реформите кои се преземаат во насока на остварување на европската и евроатланската интеграција и се заблагодари на принципиелната поддршка која Естонија ја дава на нашите стратешки определби.

Естонскиот премиер Ансип истакна дека Естонија и понатаму ќе се залага за реализација на политиката на проширување на ЕУ и политиката на отворени врати на НАТО и дека естонската поддршка на македонските евроатлански интеграции ќе продолжи.

На средбата беше разговарано и за спроведувањето на економските политики и механизмите за надминување на предизвиците од негативните економски текови во насока на обезбедување на услови за консолидација и економски раст и развој.

најчитано сега