Страшна сообраќајка во Скопје - едно лице замина во смрт
Во текот на изминатите три дена се случиле вкупно 34 сообраќајки на подрачјето на Скопје, а за жал имало и сообраќајка со жртва.
Сообраќајката се случила на 25 април во 23 часот и 15 минути на улицата „1“, село Морани, во непосредна близина на куќен број 13 во која учествувале две патнички возила, „цитроен“ и „фијат“ со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Повредените со возило на Брза помош се пренесени во здравствена установа каде им се констатирани тешки телесни повреди на еден возач и еден сопатник кој по извесно време им подлегнал на повредите, а со телесни повреди се здобиле еден возач и тројца сопатници. За незгодата бил известен и јавен обвинител кој излегол на лице место, а увидот бил препуштен на увидната екипа на СВР Скопје со цел утврдување на околностите кои довеле до случување на незгодата.
Во петокот извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, пет сопатници, еден пешак и еден велосипедист.
Се случила една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.
Во една железничка несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во саботата извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и седум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.
Вчера извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 52 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, односно не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Дваесет и седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 17 возачи поминале на црвено светло на семафорите, 10 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 90 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа