Жерновски на средба со хрватскиот амбасадор Крамариќ

Денеска градоначалникот на Центар се сретна со хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ.

Актуелната состојба во Македонија и Хрватска и во регионот беше тема на разговор на денешната средба меѓу градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Жерновски, било посочено дека Хрватска, останува подржувач на евро-атланските аспирации на Република Македонија и дека се добредојдени хрватските искуствата за исполнување на задачите и спроведување на неопходните реформи на патот кон ЕУ и НАТО.

- Жерновски и Крамариќ констатираа дека досега нема поконкретна соработка  и збратимување на општина Центар со општина во Хрватска, и се согласија дека во наредниот период ќе се работи на тоа поле, за да можат пријателските односи да се продлабочат на сите нивоа, соопшти општина Центар.