Попоски на средбата на „Брдо процес“ - Еу и балканските земји имаат заеднички интерес за интегрирање

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска учествуваше на министерската средба „Брдо Процес" во Крањ, Република Словенија. Домаќини на средбата беа министерот за надворешни работи на Република Словенија, Карл Ерјавец и францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус.

На Брдо процесот присуствувал и Европскиот комесар за европска соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, при што се разговарало меѓу другото и за приближувањета на земјите од регионот со земјите на ЕУ, во насока на конкретизирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и поврзувањето со Европската унија, на сите нивоа.

Од пр-ар службата на МНР известуваат дека биле дискутирани акутелни безбедносни прашања од значење за политичката стабилност во Европа. Министрите размениле информации за борбата против тероризмот, вклучувајќи го и прашањето на насилнaта радикализација ирегрутирањето на странски борци, при што била нагласена неопходноста од изнаоѓање заеднички пристап и решение за  сузбивање на тероризмот и  превенирање на религиска радикализација.

- Вниманието на учесниците беше насочено и кон прашањата што се однесуваат на перспективата на младите од регионот во нивните земји. Беше изразена и потребата од подобрување на приклучувањето на регионот кон европската транспортна и енергетска мрежа. На средбата беше изразена загриженост и во однос на климатските нарушувања, што се потврдува и со бројните поплави што се случија во регионот, се вели во соопштението.

Посебно внимание било посветено на прашањето на безбедноста и политичката стабилност на Европскотососедството, особено за ситуацијата во Украина и ситуацијата во јужното Средоземје.

- Ако погледнеме како изгледало минатото на регионот или како е денес во соседството на Европа, станува јасно зошто ЕУ и Балканските земји имаат заеднички интерес за интегрирање, пред да биде доцна" - истакна министерот Попоски денеска во Блед.

На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од државите на Европската Унија и министрите од државите од регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.

На маргините на министерскиот состанок МНР Попоски оствари одвоени средби со своите колеги меѓу кои и домаќините Ерјавец и Фабиус.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега