Вака изгледале последните часови пред смртта на познатиот актер

Актерот Робин Вилијамс, со својата глума и позитивна енергија носеше насмевка на нашите лица и огромна тага кога дознавме за неговата смрт. За прв пат, по неговата смрт, во емисијата "Аутопсија: Последните денови...", која се занимава со анализа на смртта на јавните личности, откриени биле детали кои довеле до трагедијата во која Робин Вилијамс си ги пресекол вените, а потоа се обесил.

Имено, неговата сопруга открила дека вечерта пред смртта, Вилијамс скапоцените часовници ги криел во чорапи и сакал да ги однесе кај пријател да му ги чува, што експертите кои биле интервјуирани во документарецот го опишуваат како параноја.

Обдукцијата покажала дека Вилијамс имал недијагностицирана деменција, што би можело да го објасни неговото однесување. Патологот Ричард Шепард рекол дека активноста на актерот на интернет, укажувала на тоа дека Робин бил свесен дека нешто не е во ред со него, но не знаел што.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега