Погледнете како екс-градоначалникот на Охрид си купил гроб

Во јавноста продолжуваат да излегуваат информации за криминалното работење на дел од охридските јавни претпријатија, додека во градот владееше поранешниот градоначалник Александар Петрески.  Многу неправилности, злоупотреби и недомаќинско работење затекна новата локална самоупправа речиси во сите јавни претпријатија кои се дават во долгови, пишува Курир

Извршените делумни анализи покажуваат дека на пример ЈП Градски гробишта поради  неодговорно и нестручно водење на претрпијатието е во дупка од над 10 милиони денари.

Според наши извори, поранешниот директор на охридските гробишта наместо хонорари за членство во Управен одбор, тој на членови им давал гробни места, со тоа што претходно им ја намалувал цената за да излезат поевтини и да се вклопат во долгот за хонорари.

Така, на овој начин, со гробни места се обезбедиле и поранешниот охридски градоначалник и неговиот брат и тоа на ударна локација покрај чешмата.

Според официјалната завршна сметка за 2012 година усвоена од советот на Општина Охрид, ЈП Градски Гробишта покажува негативен финансиски резултат од 2.315.088 денари.

- Негативниот финансиски резултат би бил сериозно зголемен доколку не се испечателе сметки за гробарина без старател или без друг релевантен податок во износ од 1.600.000 денари, за кои што е платен ДДВ кои што истовремено не се поделени туку се архивирани во јавното претпријатие, истакна неодамна В.д. директорот Зоран Симоноски.

Без одлука на Управен Одбор личниот доход на вработените по основ на редовност намален е за 900 денари месечно по вработен во времетраење од 18 месеци или вкупната вредност  по овој основ изнесува 730.000 денари кои доколку биле исплаќани финансискиот резултат би бил уште понегативен.

Неодамна, кривични пријави за злоупотреба на службената должност и примање на награда за противзаконито влијание заработија двајцата поранешни вд директори на Градски гробишта Охрид.

Едниот  директор побарал мито  во висина од 64 150 денари од сопственикот на фирмата Ивире, на која и го издал ресторанот на Градските гробишта.

Парите не ги зел на рака, туку на Ивире, му нередил да ги уплати во рибниот ресторан  во центарот на Охрид за да си  ги покрие сметките направени за деловни и приватни ручеци.  Сопственикот  ги уплатил парите  исто како да купил  250 кг охридска пастрмка.

Задоволниот директор во име на добрата соработка,  следната година за 4000 евра му ја намалил закупнината за ресторанот на гробиштата без одлука на управниот одбор. Соработката продолжила  и со вториот директор , кој продолжил да го издава ресторанот на градските гробишта на фирмата Ивире за 12 000 евра годишно без одлука на Управниот добор и без да спроведе отворена постапка.

Поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески поради недомаќинското работење ги остави охридските јавни претпријатија во долгови до гуша, а сумата се проценува на поголема од 50 милиони евра.