Заврши проценката на штетите од поплавите во Кичевско

 

На територијата на општина Кичево немаше големи оштетувања на инфраструктурата од поплавите како во другите градови, но оштетени се индивидуаллни куќи на улицата „Прилепска“ и дел од обработливите површини, покажа проценката што ја направи Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според раководитетлот на ЦУК во Кичево Сузана Тасеска, освен обилните врнежи дожд, причини за поплавите беа и наглото топење на снегот, неапсорбирањето на атмосферската вода во градската канализација, градењето куќи до реката со неводоотпорен материјал, како и и неисчистените речни корита.

- Годинава се чистеше од мостот до село Србјани, до мостот кај село Бигор Доленци. Се чистеше и каналот кај село Другово, како и Зајашка река, но луѓето ѓубрето го фрлаат во реките, а тоа предизвикува голем проблем, истакна Тасеска.

ЦУК предлага формирање претпријатие за стопанисување со води и обезбедување опрема, особено пумпи за црпење вода

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега