Милошоски: Стабилна Македонија е најважниот проект на ВМРО-ДПМНЕ
Продолжуваме со она што го ветивме и со трите капитални проекти- прво ОДВ електрик, странска инвестиција од 15 милиони евра која што веќе почна со свои вработувања, а очекуваме во текот на оваа година да почне и со изградба на својот нов објект. Странската инвестиција на фирмата Костел, која што е од 80 милиони евра и која ќе има дополнителни 1.000 вработувања и капиталниот проект кој се однесува на автопатното поврзување Струга со Требениште, во вредност од 45 милиони евра. Ова се главните пораки кои ќе бидат испратени вечерва до стружани преку трибината на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова во Дневникот на Канал 5 го истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на трибината во Струга.
Молошоски додаде дека ќе има дополнителни инвестиции во образованието, здравството, како и во сите други сектори кои се важни за стружани. -И најважниот проект на ВМРО-ДПМНЕ, стабилна Македонија, стабилни институции, добри меѓуетнички односи и функционирање на системот, рече Милошоски.
Утре пак, од народниот собир во Прилеп ќе бидат испратени дополнителни пораки и за прилепчани и за цела Македонија.
-Главната порака е дека државата не смее и не треба да биде заложник на политичките фрустрации и комплекси на една група на луѓе, кои што за своја агенда си го поставиле дејствувањето на еден нелигитимен начин во соработка со домашни или странски служби, кои што би сакале за цел да извлечат некое свое враќање на власт, тоа што не можеле да го добијат на избори од 2006 година до денес, додаде Милошоски.
Пораката е, рече тој, дека нема да дозволиме било која напнатост или било кое внатрепартиско превирање или фрустрација во СДСМ да биде пренесена на Македонија и на нашите граѓани. -Ќе го зачуваме едниството како држава, како институции, како установи, како народ...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа