Скопје се збратимува со Софија

 

Советот на Град Скопје, денеска на 43-та седница едногласно донесе одлука за збратимување на  Скопје и Софија. Бугарската престолнина станува 19 град со кој Скопје се збратимува.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ја поздрави оваа одлука, истакнувајќи дека се носи по долгогодишната соработка меѓу Софија и Скопје, и ќе биде добра основа за продлабочување на соработката на економско ниво, размена на искуства, како и за соработка во многу заеднички проекти.

Збратимувањето го поздрави и  амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија Иван Петков, кој изрази надеж дека оваа одлука ќе ја направи уште поплодна, како што рече, и онака одличната соработка меѓу двата главни града.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега