Младите сликари од Ѓорче Петров ја пронајдоа својата инспирација во селото Кучково
Младите сликари од општината Ѓорче Петров, денес покажаа дека се вистински љубители на природата. Со голем талент и дарба за уметност, голем број дела денес беа насликани од основците од Ѓорче Петров на Детската ликовна колонија во селото Кучково.
Ова е 8-ма година како традиционално се одржува овој настан, а учество зедоа 32 ученици од основните училишта од општината, а годинава учествуваа и ученици од општината Карпош.
Мотивите и темите за работа на истата се сликање на пејсажи од селото и околината , а работеа со акрилни бои и пастел.
Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски на учесниците им посака многу инспиративни вакви дела од прекрасниот живописен крај на овој дел од општината, како и од богатото културно наследство.
На сите ученици им беа доделени дипломи.
Изработените слики ќе бидат изложени на 1 мај на заедничка изложба по повод денот на крстот во селото Кучково кој традиционалн осе одржува годинава по 10-ти пат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа