Средба на Попоски со делегација од ОБСЕ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска се сретна со група амбасадори акредитирани при ОБСЕ во Виена од САД, Турција, ЕУ и Данска, соопшти МНР.
За време на средбата министерот Попоски, се наведува, ги информира соговорниците за политичките предизвици со кои се соочува Република Македонија, истакнувајќи дека тие мора да се решат во правни, институционални и политички процеси во согласност со уставниот поредок и воспоставените начела на демократија и владеење на правото.
- Воедно, беше истакнато дека сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно, со цел надминување на актуелната политичка состојба, стои во соопштението од МНР.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа