Николиќ и погледна на смртта во очи: Паѓавме како камен, живи сме благодарејќи на пилотот!

Авионот со кој претседателот на Србија Томислав Николиќ утрово полета за Ватикан, принудно се врати на белградскиот аеродром поради дефект на едниот мотор.

- Се уште сум во шок. Едниот мотор откажа над Јадранот и тогаш започна вистинската драма на небото, изјавила советничката на Томислав Николиќ

Трагедијата е избегната благодарејќи пред се на неверојатната присебност и вештините на пилотот и копилотот. 

- Благодарејќи на големата професионалност и изузетната умешност на нашиот пилот е избегната голема трагедија. Верувајте дека во еден момент буквално паѓавме како камен, изјавила советничката. 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега