Достоинство ја напушта коалицијата на СДСМ - Ангелов на избори оди сам

 

Отворена е можноста Достоинство да ја напушти коалицијата на СДСМ и на следните парламентарни избори, партијата на Стојнче Ангелов сама да ја бара доербата од граѓаните. Нејзините лидер ваквата можност ја најави во денешното интервју на АТВ. 
Тешкиот пораз на локалните избори и го препиша на „црната кампања на власта и злоупотребата на изборната машинерија“.
Тој вели дека не ја напушта опозициската коалиција за да се приклучи кон блокот на ВМРО-ДПМНЕ туку единствено поради интересот, партијата сама да ја тестира довербата кај електоратот.

Стојанче Ангелов и неговата Достоинство е прва од партиите од десничарскиот блок кој ја напушта коалицијата на СДСМ. 
Претходно, од Здружената коалиција си замина ПЕИ на Фиат Цаноски и СНСМ на Драгиша Милетиќ, а со СМС порак од СДСМ го известиле и Ивон Величковски дека повеќе не е дел од нивниот блок.

најчитано сега