ВМРО-ДПМНЕ: Во 20 години владеење СДСМ немаат направено ни приближно колку оваа Влада

 

Оливер Спасовски, се обидува со конфузни и нервозни изјави да манипулира со граѓаните. Ако има внатрепартиски проблеми за што посочуваат експертите и јавноста тоа треба да го решава тој, како генерален секретар, а не виновник да бара во ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем таква беше праксата на Бранко Црвенковски, таква е праксата и на старо новото раководство на СДСМ.

          Тој како еден од слепите послушници на Бранко Црвенковски најсилно се залагаше за политиката на бојкот, политика која беше осудена од Европската унија. Спасовски насилно одземаше документи и учествуваше во блокирање на институциите во Република Македонија. Зарем тој ќе зборува за евро- интеграции?

          Во својата 15 годишна кариера во политиката нема зад себе ниту еден проект или иницијатива во ниту една општествена сфера, а уште помалку во здравството и образованието. Тој и неговата партија не инвестираа ниту денар во реконструкција на училишни згради или згради на здравствените домови, не набавија нова медицинска опрема или не се погрижија за подобрување на условите во училиштата, ниту пак ги поевтинија лековите, а ниту пак помислија да обезбедат бесплатни учебници за учениците. Во време на СДСМ токму во сегментите на здравството и образованието владееше хаос и корупција. Да потсетиме само на набавките во четири очи во здравството, бисерите кој ги подаруваше министерот на СДСМ на своите колешки, како и за бедните плати кои што ги добиваа просветните работници. Ете тоа е  разликата која што Оливер Спасовски несака да ја види помеѓу владите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

          Денес во здравството се вложени 100 милиони евра во нова опрема, а уште толку во санација и иградба на здравствени објекти. Набавени се 70 нови комплетно опремени возила за итна медицинска помош, поевтинети се цените на огромен број на лекови и нема повеќе празни аптеки како во времето на СДСМ.

          Во сферата на образованието е воведено  бесплатно и задолжително средно образование, обезбеден е превоз и сместување на учениците од основните и средните училишта, обезбедени се бесплатни учебници, драстично намалена е партиципацијата за запишување во државните универзитети, а дополнително се отворени два нови универзитети со десетина нови факултети низ градовите во Македонија со што образованието стана достапно за сите. Ова се само дел од проектите и реформите кои што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги превзеде во сферата на здравството и образованието, проекти и реформи кои што јавноста и граѓаните ги препознаваат и поддржуваат.

 

          Оливер Спасовски и неговите функционери од СДСМ секојдневно ги користат овие бенефити кои ги донесе Владата, но не сакаат да признаат дека во 20 години владеење на СДСМ немаат направено ни приближно колку Владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега