Изменет сообраќаен режим од Брана до село Маврово

Од денеска стапи во сила, односно започна практичната примена на нов, изменет сообраќаен режим од Брана до село Маврово.

Новиот режим е поради одредени градежни активности кои се изведуваат во близина на Браната и поради присутното земјено свлечиште во непосредна близина.

Тешките товарни возила ( шлепери) не ќе можат да се движат на овој потег, додека другите возила ќе се пренасочуваат по блискиот спореден пат, се додека целосно не завршат планираните градежни зафати.

Инаку, за да им се помогне и олесни на возачите, на тоа место веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега