Страшна железничка несреќа во Скопје
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден пешак и еден возач на мотоцикл.
Се случила и една железничка незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзната на движење, 16 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, осум возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа