Денеска ќе се „поремети" сообраќајот во Скопје

 

Поради велигденските празници,  во центарот на Скопје  вечер од 18:00 часот до  утре во 6 часот ќе има забрана за сообраќај на дел од бул. „Партизански Одреди“, од крстосницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со ул. „Даме Груев“, како и на дел од бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со ул. „Орце Николов“ до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски“. 

Од Град Скопје информираат дека автобусите коишто го опслужуваат јавниот градски сообраќај и се движат во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени. Ќе се движат по ул.„Димитрие Чуповски“, бул.  „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Френклин Рузвелт“.

Автобусите кои се движат преку бул. „Гоце Делчев“, во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по бул.  „Илинден“ и ул. „Френклин Рузвелт“.

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по бул. „Партизански Одреди“ во насока исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по ул. „Френклин Рузвелт“, булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улиците„Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“;

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат од Карпош во насоката исток, преку булевар „Гоце Делчев“ ќе бидат пренасочени и ќе се движат по ул.„Френклин Рузвелт“  и булевар „Илинден“, вклучувајќи се на постојните траси на автобуските линии и при тоа користејќи ги постојните автобуски стојалишта. 

Од Град Скопје апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

 

 

Оцени ја веста

11.04.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега