Радовиш: 500.000 евра инвестиција во патната инфраструктура

 

Започнува со реализација една голема капитална инвестиција во општина Радовиш.Градоначалникот Сашко Николов вели дека од буџетот на општината ќе бидат инвестирани 500.000 евра во уредување на патната инфраструктура односно асфалтирање на локални улици во с.Калугерица, населба: Раклиш, ул: Дане Трајков, ул: „Браќа Миладинови“ ,ул: „Корча маало“ и крак „6-Ноември“.

-Нашето ветување дадено кон граѓаните во 2014 год. го остваруваме благодарение на посветеноста на службите на општина Радовиш, вложивме голем труд и енергија со цел да ја подготвиме проектната документација, извршивме експропријацијата. Паралелно со овој проект реализираме уште еден проект за поплочување со бехатон плочки на пристапни улици во село Сулдурци, крак на ул: „Калаузлиска“, и улица во „Габрешко маало“, рече градоначалникот. 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега