Вајгл: Бомбите на СДСМ се неприроден начин на водење на политика

 

Политичките партии да ги смират страсите и да го спуштат тонот во кој доминира омраза, бара известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл. Според него потребно е одговорно однесување на лидерите во земјава, а за бомбите на СДСМ тврди дека се неприроден начин на политичко делување. Во исто време ги повикува и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да седнат и да разговараат со фокус на интересите на земјата, а не партиските.

-Тие бомби се неприроден начин на водење на политика. Јас кога дојдов во Македонија ја советував опозицијата да ги искористи своите 30 проценти од гласовите и да делуваат во Парламентот и таму да се борат за демократијата и за етнички чистата политика на Македонците. Тие се определија за ваков вид на политика – вели Вајгл.

Тој смета дека Македонија мора да се фокусира на европската интеграција и тоа веднаш. Еврпратеникот за словенечката национална телевизија целосно ја анализираше политичката ситуација во Македонија.

-Нашата цел е двете страни да седнат и да разговараат, да разговараат во некој европски контекст, пред се да ги гледаат интересите на Македонија и земјата да влезе во Европската Унија. Ние ги советуваме да не дозволат ситуацијата да ескалира, да го спуштат тонот на политичката дебата, да го спуштат тонот на говорот на омраза кој доминира, некако да се договорат како да им дадат на земјите членки или на Европската комисија дека Македонија е подготвена и заинтересирана да ги отвори преговорите со ЕУ – вели  Вајгл.

Известувачот за Макеодонија смета дека Европската унија мора целосно да се ангажира и да и помогне на Македонија. Брисел да ја притисне Грција да покаже солидарност кај северниот сосед и да дозволи и покрај проблемот со името, Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 13:59
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега