Бошко Ѓуровски разрешен од селекторската позиција

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија по денешниот состанок, на кој беше анализиран досегашниот учинок на селекторот, одлучи да ја прекине соработката со Бошко Ѓуровски.

Бошко Ѓуровски како предводник на најдобрата македонска репрезентација на единаесет натпревари оствари две победи (Летонија и Луксембург), шест порази (Шпанија, Словачка, Украина, Белорусија, Камерун, Кина) и три нерешени резултати (Катар, Кина и Австралија) .

-Одлуката за прекин на соработката е донесена поради очекувањата на ФФМ и притисокот на фудбалската јавност за подобри резултати во тековните квалификации за Европското првенство и подобар рејтинг на нашата А репрезентација. Сите ние како фудбалски работници знаеме дека резултатите се единственото мерило за успех и токму поради тоа безрезервно и максимално дававме поддршка и создававме услови за непречена работа на најдобрата селекција. Развојот и подобрувањето на рејтингот на македонскиот фудбал е наша грижа и токму затоа мора да бидеме одговорни кога е во прашање успехот на репрезентацијата. И покрај тоа што Бошко Ѓуровски го споделуваше своето искуство и работеше со тренерите и играчите сепак, притисокот кога се работи за А репрезентативниот тим е преголем, посебно кога се соочуваме со негативна серија на резултати. Во фудбалскиот свет тоа резултира со неминовни промени, промени кои се надеваме дека ќе не водат кон успех и подобар рејтинг на А репрезентацијата, се вели во ставот на Управниот одбор на ФФМ по повод раскинувањето на соработката со Бошко Ѓуровски.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега