Катарците заинтересирани да соработуваат со македонските компании
Македонската бизнис делегација од Сојузот на стопански комори, која во Доха учествува на 8. Светски коморски конгрес, оствари средби со дистрибутерски и логистички компании, супермаркети и посреднички компании од Катар за извоз на македонските производи во арапскиот свет.
- Катарските бизнисмени покажаа интерес за соработка со производствените компании од Македонија, во делот на кондиторската индустрија, агро производството особено ран зеленчук, како и вложувања во заокружено производство на јагнешко месо. Покрај тоа заинтересирани се за соработка со компании од градежната индустрија, како подизведувачи во ниско градба-патна инфраструктура и квалификувана работна сила, изјави претседателот на ССК, Златко Калеников.
Покрај делегацијата од ССК, на саемот во Доха учествуваат и претставници од Агенцијата за странски инвестиции и од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводени од директорот Виктор Мизо.