Тројца војници загинаа во источна Украина
На истокот на Украина во експлозија на непријателска мина загинаа тројца украински војници, соопшти денеска портпаролот на украинската војска Андреј Лисенко.
Тој дополни дека уште двајца се ранети во изминатите 24 часа.
Не се наведени други детали за инцидентот во селото Авдивка, во близина на Доњецк.
Набљудувачите известуваат дека договорот за примирје од февруари главно се почитува, но дека продолжуваат спорадични инциденти околу Доњецк и Мариупољ
Оцени ја веста
05.04.2015 - 09:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа